Утрински Весник
Македонија

Битиќи – Филипиду: Добрососедските односи помеѓу Северна Македонија и Грција носат значителни придобивки за двете земји

Битиќи – Филипиду: Добрососедските односи помеѓу Северна Македонија и Грција носат значителни придобивки за двете земји
Ss2

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, на која и посака добредојде во нашата земја и успех во новиот мандат.

dobivaj vesti na viber

На почетокот на средбата вицепремиерот Битиќи ја поздрави одлуката на судот на Грција за отворање на Центарот за македонски јазик во Република Грција, потенцирајќи ги добрите соседски односи кои веќе носат значителни придобивки за двете земји.

300x250 (7)

Амбасадорката Филипиду искажа подготвеност за уште позасилена соработка и продлабочување на економските односи помеѓу двете земји за потполно искористување на потенцијалот кој го имаме.

На состанокот вицепремиерот Битиќи и амбасадорката Филипиду зборуваа за заедничките инвестиции на двете земји во енергетика и диверзификација на изворите на енергија, кои се од големо значење на Северна Македонија но и целиот регион.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)