Утрински Весник
Свет

Бискуп, добитник на Нобелова награда за мир, обвинет за педофилија

Бискуп, добитник на Нобелова награда за мир, обвинет за педофилија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ватикан денеска потврди дека бискупот Карлос Хименез Бело, добитник на Нобеловата награда за мир, е под дисциплински санкции во последните две години поради наводно сексуално малтретирање момчиња во Источен Тимор во 90-тите.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Ватикан во соопштение наведе дека канцеларијата, која се занимава со случаи на сексуална злоупотреба, добила обвинувања за однесувањето на бискупот во 2019 година и дека вовела санкции во рок од една година, пренесува „Бета“.

Санкциите вклучуваат ограничувања на движењето и извршување на должностите, а му се забранува контакт со малолетници или контакт со Источен Тимор.

Во соопштението за печатот на портпаролот на Матео Бруни се наведува дека мерките биле изменети и зајакнати во ноември 2021 година и дека Бело формално ја прифатил казната во двата наврата.

Бело ја доби Нобеловата награда за мир во 1996 година заедно со борецот за независност на Источен Тимор, Хозе Рамос-Хорта, за кампања за праведно и мирно решавање на конфликтот во таа земја додека се бореше да добие независност од Индонезија, пренесе „Политика.рс“.

Можете да прочитате

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање

Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за телевизиите кои го критикуваат