Утрински Весник
Македонија

Билатерална средба на уставните судови на Македонија и Бугарија

Билатерална средба на уставните судови на Македонија и Бугарија

Делегација на Уставниот суд на Македонија, предводена од претседателката на Судот, Добрила Кацарска, од 7 до 10 јуни беше во официјална посета на Република Бугарија.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на посетата биле реализирани работни средби на тема „Пристапот на граѓаните до уставната правда”. Судиите од двата суда размениле искуства преку практични примери на оваа тема, со цел приближување на уставното судство до граѓаните како концепт на унапредување на граѓанските слободи и права и заштитата на владеењето на правото.

„На средбата се утврдуваа насоките за подготовка на Балканскиот уставен форум, кој се планира да биде основан како асоцијација на уставни судови од земјите од Југоисточна Европа. Овој форум е идеја произлезена од соработката помеѓу двата уставни суда, при што на иницијатива на Уставниот суд на Република Бугарија, на крајот на октомври 2023 година, во Софија се планира да се одржи првиот основачки состанок.

Четиридневната посета се реализираше во Евксиноград и Велико Трново, на покана на Уставниот суд на Република Бугарија, како продолжение на циклусот билатерални средби предвидени во Меморандумот за соработка помеѓу двата суда, потпишан во мај 2022 година.

За време на посетата во Бугарија, делегациите од двата суда остварија протоколарна средба со градоначалникот на Велико Трново, Даниел Панов. На средбата присуствуваше и македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеза Руси“ наведуваат од Уставниот суд.

Македонската делегација беше во состав од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, судиите Татјана Васиќ-Бозаџиева и Фатмир Скендер, секретарот на Судот Александар Лазов, шефот на кабинет- советник на Судот, Мирјана Лесевска и советникот на Судот за односи со јавност и портпарол, Христина Беловска.

Можете да прочитате

Струмица го празнува Денот на заштитниците на градот

Ловечко куче извадено од провалија од екипа на Планинската спасителна служба во Охрид

Стојаноска: Oние кои противзаконски постапуваа сега ќе треба да одговараат