Утрински Весник
Македонија

Бил осуден на повеќе години затвор, но избегал – во акција полицијата повторно го уапси

Policija 8.jpg

На 02.10.2024 околу 22:30 часот во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода А.А. (26) од Скопје, кој по наредба од Основен кривичен суд Скопје бил баран поради бегство од КПУ Затвор Куманово, а бил осуден на казна затвор од четири години и седум месеци во врска со чл.215 ст.3 за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Исто така, А.А. бил баран и во врска со кривично дело по чл.259 (изнуда).

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Можете да прочитате

Средба на Еди Рама и Али Ахмети во Скопје – „Нема поделба на европскиот пат“

(Видео) Изгаснат пожарот на галијата во центарот на Скопје

Латас до Костадинов: Поттикот за убиство извршено од друг е кривично дело