Утрински Весник
Македонија

„Биди подготвен за безбедно патување во зима, користи зимска опрема”– превентивна активност на СВР Скопје и РСБСП 

415973042 762018355354320 7229081745883206381 n.jpg

Денеска (28.01.2024) од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на подрачјето на ПО Петровец – наплатна рампа „Петровец” беше реализирана превентивна активност под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима, користи зимска опрема”. Во рамки на активноста, од страна на полициски службеници на возачите им беа поделени едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со пораки за одговорно управување на возилата во зимски услови и согласно позитивна законска регулатива. Исто така, во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот, задолжително носење на заштитен појас, некористење на мобилен телефон при возење, а особено беше потенцирано да не се вози под дејство на алкохол.

Можете да прочитате

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

Министерство за правда: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, бараме оставка