Утрински Весник
Балкан

Бидете внимателни: Се краде на плажите на Халкидики, пронајдени денари и македонски пасоши

Grchka Politsija 960x395 1.jpg

Пасоши, лаптопи, рачни часовници, накит, мобилни телефони, женски чанти, пари, меѓу кои и македонски пасоши и денари е дел од „пленот“, според фотографијата објавена од грчката полиција, на двете уапсени лица што се товарат за 16 кражби во туристички објекти во Солун, Халкидики, Нафплио и Јанина во периодот од 17 до 23 август, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека уапсени се еден странски државјанин и една Гркинка, а вкупната вредност на украдените предмети се проценува дека е над 40.000 евра.

Полициските службеници од Дирекцијата за безбедност во градот Јанина и полициското станица од Каликратија на Халкидики, со употреба на апликација за пронаоѓање на мобилен телефон, кој бил украдена од Неа Каликратија, успеале да ги лоцираат уапсените на подрачјето на Јанина.

По извршениот претрес во хотелската соба каде што престојувале бил пронајден конкретниот украден мобилен телефон, како и голем број електронски уреди, вредни предмети и патни исправи.

-Од текот на истрагата и проверката за идентификација на горенаведените предмети, произлезе дека обвинетите се здружиле со цел да вршат кражби во туристички објекти (главно станови за краткотраен наем) во различни региони на државата, во кои влегувале или со провала или од незаштитени точки, од каде одземале пари, електронски уреди, накит и пасоши, соопштија од грчката полиција.

Паралелно, заедно со соопштението, од полицијата објавија и фотографија на која се гледа дека меѓу украдените предмети има и македонски пасоши и денари.

Полицијата утврдила дека уапсените извршиле три кражби на 17 август во градот Нафплио на Пелопонез, 12 кражби во регионот на Солун и во Неа Каликратија на Халкидики во периодот од 19 до 22 август и една кражба во градот Јанина на 23 август.

Од грчката полиција додадоа дека најголем дел од пронајдените украдени предмети биле препознаени и вратени на оштетените, а продолжува истрагата за пронаоѓање на сопствениците на неидентификуваните одземени предмети.

Можете да прочитате

Српската актерка Слобода претепана – пренесена во Ургентен центар во Белград

Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода

Масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил