Утрински Весник
Спорт

„Би-би-си“ го отстрани Гери Линекер по коментарите за имиграцијата

„Би-би-си“ го отстрани Гери Линекер по коментарите за имиграцијата

Гери Линекер се повлекува од улогата на домаќин на „Меч оф д деј“ (МОТД), славната фудбалска програма на „Би-би-си“ по неговите контроверзни коментари за имиграцијата во Велика Британија, потврдија од „Би-би-си“.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот англиски напаѓач нема да биде на своето место во саботната програма, додека заедно со „Би-би-си“ не дојдат до договор за неговата активност на социјалните мрежи. Линекер ја спореди новата политика за имиграција во Британија со таа на нацистичка Германија во 1930-тите години, предивикувајќи бес кај владеачката Конзервативна партија.

„Одлучивме дека сметаме дека неговата неодамнешна активност на социјалните мрежи е прекршување на нашите насоки. ‘Би-би-си’ одлучи дека ќе тој ќе се повлече од презентирањето на МОТД додека не се согласиме и имаме јасна позиција на неговото користење на социјалните мрежи“, се вели во објавата.

Линекер не е вработен во „Би-би-си“, туку има договор за соработка.

Линекер ги спореди британските власти со нацистите и предизвика скандал

Можете да прочитате

Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место

Пиоли ќе добие отказ, постои список со пет имиња за негов наследник

Њу Орлеанс последен избори плејоф во НБА-лигата