Утрински Весник
Македонија

Ковачевски – Нефју: Продолжува поддршката од стратешкото партнерство со САД во градење ефикасен систем за борба против корупција

Ковачевски – Нефју: Продолжува поддршката од стратешкото партнерство со САД во градење ефикасен систем за борба против корупција

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски се сретна со Ричард Нефју, глобален координатор за антикорупција на американскиот Стејт департмент.

dobivaj vesti na viber

На средбата разговараа за актуелната состојба поврзана со борбата против корупција и мерките и активностите кои Владата ги презема во насока на системски решенија за справување со корупцијата на секое ниво, вклучувајќи ја и високата корупција.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на целокупната поддршка и соработка која благодарение на блиското стратешко партнерство со САД, се реализира во Македонија. Поддршката е круцијална во воспоставувањето на ефикасен систем за елиминирање на конфликтот на интереси, како и за превенција на корупција.

На средбата говорниците заеднички констатираа дека напорите кои се вложуваат во борбата со корупција се основната алатка за градење на довербата на граѓаните во институциите. Во таа насока од клучно значење е градењето на капацитетите во областа на владеењето на правото и правната држава.

Можете да прочитате

Акциска контрола во угостителски објекти во гостиварско, затекнати 14 странски државјанки

Вчера 73 нови прегледи во Гостивар, две нови хоспитализации на Инфективно

Филипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?