Утрински Весник
Македонија

БГНЕС го нападна Ковачевски за фудбалскиот спот на СДСМ

338c28b5 Cd67 4871 B621 1f97c4cd4ffe.jpg
Ss2

На Бугарите и на БГНЕС не им се допадна спотот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, во кој македонскиот фудбалер е влечен за грб од страна на фудбалерот облечен во боите на Бугарија.

Според БГНЕС, СДСМ во кампањата користи антибугарска примитивна пропаганда.

300x250 (7)

„Во спотот на партијата Бугарија е претставена како одбрамбен играч на фудбалски натпревар кој агресивно се обидува да го спречи македонскиот напаѓач да стигне до целта, имплицирајќи дека нашата земја ја кочи Македонија за нејзините евроинтеграции“ пишува БГНЕС.

Тие додаваат дека во рекламата на Ковачевски и СДСМ, Софија и Скопје се претставени како жестоки противници, а играчот облечен во бугарските бои го влече македонскиот напаѓач за дрес.

Инаку во рекламата на СДСМ, Ковачевски на крај го шутира пеналот и порачува дека идината на Македонија не е игра.

„Иднината на Мекдонија не е игра. Секој предизвик што го надминуваме не проближува до нашата цел. Само СДСМ има јасна визија и сила да ја однесе Македонија во ЕУ. Заедно ќе победиме. Нема откажување од иднината“, вели Ковачевски во видеото.

Ss1

Можете да прочитате

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1