Утрински Весник
Македонија

БГНЕС: Божиновска се уште е бугарска државјанка

Sa A Bozhinovska2.jpg

Бугарската агенгција БГНЕС објави дека македонската министерка за енергетика Сања Божиновска се уште е бугарска државјанка

Според информации од извори на агенцијата БГНЕС во Министерството за правда, кои сакаа да останат анонимни, на Божиновска не и бил издаден указ за ослободување од бугарско државјанство.

Самата Божиновска неколку пати изјави дека поднела барање за откажување од државјанство. Таа тврди дека до денес има само македонско и чешко државјанство и нема бугарски документи.

,,Експерти од Министерството за правда во Софија известија дека постапката за откажување од бугарско државјанство не завршува со поднесување барање. Оттаму потсетија дека добивањето бугарско државјанство се заснова на доставени документи од бугарско потекло и лична пријава за присуство на бугарска самосвест кај кандидатот” пишува БГНЕС.

Можете да прочитате

Пет илјади евра казна за Мерко за незаконско поставување спомен обележје на влезот на општинската зграда

Август 2026 екстремно топол и со 67 отсто помалку врнежи од просекот

Ешалонот од национални воени претставници при Врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во посета на Армијата