Утрински Весник
Свет

Бездомник почина на плоштадот Свети Петар; Ватикан: Дождот и студот му ја влошија состојбата

Бездомник почина на плоштадот Свети Петар; Ватикан: Дождот и студот му ја влошија состојбата

Бездомник од Германија почина на плоштадот Свети Петар во Рим, соопшти денеска Ватикан. Тој беше пронајден мртов во петокот наутро под познатите колонади до базиликата Свети Петар.

dobivaj vesti na viber

Папата Франциско ја примил веста за смртта на човекот со болка, соопшти портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

Бил роден во Германија во 1961 година, а живеел на улиците на Рим и за него се грижеле црковни институции.

„За жал, студот и дождот во последните неколку ноќи ја влошија неговата состојба, на која животот на улица остави белег“, рече Бруни.

Папата рече дека се моли за мртвите и за сите бездомници во Рим и ширум светот.

Секоја вечер на плоштадот Свети Петар спијат бројни бездомници, а неколку организации даваат се’ од себе да се грижат за нив.

 

Можете да прочитате

Најмалку 20 загинати во руски напади врз Украина, 14 жртви на железничката станица во Днипро

70.000 полицајци и жандарми ќе бидат ангажирани на утрешните протести низ Франција

Трамп до новинар на Ројтерс: Одвратен си, болен си