Утрински Весник
Скопје

Без струја корисниците од ул. „Македонија“ во Центар и делови од Карпош, Ѓорче Петров и Студеничани

Stru A.webp.webp

Од 8 до 15 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Македонија“ – зградата на „Вардар технометал“, хотелот „Турист“, ЈП за државни патишта, зградата ВМРО и околината во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија а.д.

Од 9 до 15 часот електрична енергија ќе немаат и корисниците од селата Орман и Никиштани во општина Ѓорче Петров, од 9 до 10 часот – корисниците од зграда на ул.„Соле Стојчев“ бр.5, спроти Гранап, во општина Карпош и од 7.30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од село Батинци во општина Студеничани.

Можете да прочитате

Започнува платформата „Чаир во ритамот на здравјето” со мерки за заштита од летните горештини

Меѓународен спектакл со над 90 уникатни мотоцикли, рокенрол и уметност во Центар

Арсовска бара одговор од Обвинителството: До каде е истрагата за дивоградбите во Чаир?