Утрински Весник
Спорт

Без победник во дербито на Рур – Шалке освои бод, Борусија загуби два

Без победник во дербито на Рур – Шалке освои бод, Борусија загуби два
300x250 (7)

Шалке и Борусија Дортмунд, во последниот натпревар од саботната програма во Бундес лигата одиграа 2:2.

dobivaj vesti na viber

Јубилејното, 100 дерби на Рур, донесе динамичен фудбал, помеѓу тимовите кои се на спротивната страна на табелата. Шалке е претпоследен, освои важен бод во борбата за опстанок, додека Борусија загуби два бода во трката за титулата со Баерн.

300x250 (7)

Нико Шлотербек постигна одличен гол удар од далечина во 38.минута.
Шалке успеа да израмни во петтата минута од вториот дел, кога Билтер се најде на вистинското место по центаршутот на Фреј од десната страна.

На Борусија не му требаше многу време за повторно да поведе. Веќе во 60. минута, Рафаел Гереро, асистентот при првиот гол, одлично се снајде по додавањето на Џан.

Шалке седми натпревар по ред остана непоразен, благодарение на голот на Караман во 79. минута.



Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер