Утрински Весник
Свет

Без милост ќе ги гониме жените кои не носат хиџаб, тоа е ненормален чин, вели шефот на иранското правосудство

Без милост ќе ги гониме жените кои не носат хиџаб, тоа е ненормален чин, вели шефот на иранското правосудство

Првиот човек на иранското Министерство за правда, Голамхосеин Мохсени Аџеи, се закани дека надлежните органи „без милост ќе ги гонат Иранките кои се појавуваат во јавноста без хиџаб“.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека отстранувањето на хиџабот „се коси со иранските вредности“ и се закани дека ќе бидат казнети сите оние кои ќе го направат тој, како што го нарече, „ненормален чин“, јавија денеска иранските медиуми.

Британските медиуми пренесуваат дека министерот не прецизирал како ќе се казнуваат жените без хиџаб.

– Силите на законот се должни да реагираат на секаков вид на ненормалност што се противи на верскиот закон и е присутен во јавноста и да го пријават до судските органи, додаде Аџеи.

Иранското Министерство за внатрешни работи пред два дена соопшти дека носењето хиџаб е „еден од цивилизациските темели на иранската нација“ и додаде дека „нема да има толеранција за жените без хиџаб“.

 

Можете да прочитате

Украина го повика Бразил да го уапси Путин доколку дојде на самитот на Г20

Нетанјаху: Израел ќе продолжи со немилосрдните напади врз Хезболах, вклучително и во Бејрут

Зеленски: Северна Кореја се приклучува на војната