Утрински Весник
Македонија

Бесплатни паркиралишта утре во Скопје по повод Денот на независноста

Натепан вработен во Градски паркинг

Градски паркинг известува дека утре, 8 Септември 2023 година, по повод Денот на независноста, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.

dobivaj vesti na viber

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), кадешто продолжува редовно работно време 09:00 – 16:00 часот.

Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно
време од 00:00 до 24:00 часот, велат од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата