Утрински Весник
Спорт

Белингем нема да игра против Македонија

Белингем нема да игра против Македонија

Џуд Белингем, ќе ги пропушти квалификациските натпревари на англискиот национален тим за ЕП 2024 против Малта и Македонија поради повреда на тетивата.

dobivaj vesti na viber

Белингем ќе му се приклучи на националниот тим, но тој период ќе го помине на рехабилитација во националниот фудбалски центар на Англија.

Поради повредата на тетивата, Белингем не играше за Борусија Дортмунд во последното коло против Мајнц, во Бундес лигата, кога „милионерите“ на сензационален начин останаа без шампионската титула.

Младиот Англичанец минатата недела постигна договор со Реал Мадрид, а по лекарските прегледи ќе потпише договор вреден 103 милиони евра плус 31 милион евра бонуси.

Белингем постигна еден гол на 24 натпревари за Англија.

Можете да прочитате

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење