Утрински Весник
Свет

Белгиската полиција изврши претрес во ЕЕАС во рамки на истрага за злоупотреба на средства

Image 2025 12 02 135746344.png

Припадници на белгиската полиција утрово извршија претреси на повеќе локации ширум Белгија, вклучително и во седиштето на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), во рамки на истрага поврзана со наводна злоупотреба на средства на ЕУ.

Како што јави „Еурактив“ повикувајќи се на изјави на очевидци и на извори поврзани со истрагата, покрај во ЕЕАС, претреси биле извршени и во седиштето на Колеџот на Европа во белгискиот град Бриж, како и во неколку приватни домови.

При акцијата се запленети документи и се уапсени три лица под сомнежи за измами со јавни набавки, корупција и судир на интереси. Идентитетот на уапсените не е соопштен.

Очевидци тврдат дека десетина полицајци во цивилна облека утрово околу 7:30 часот влегле во седиштето на ЕЕАС. Официјален претставник на ЕУ за „Еурактив“ ги потврдил информациите за извршен претрес во дипломатската служба на блокот. 

Можете да прочитате

Според Кремљ изјавата на Руте е неодговорна

Европските тематски паркови во празнично руво

ЕУ ја укина забраната за бензински и дизел возила во 2035 година