Утрински Весник
Свет

Белата куќа по судирот над Црното море: „Ако целта на Русија е да не летаме таму, тоа нема да се случи“

Белата куќа по судирот над Црното море: „Ако целта на Русија е да не летаме таму, тоа нема да се случи“

Американскиот Стејт департмент го повика рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, во врска со инцидентот над Црното Море.

dobivaj vesti na viber

Ова го соопшти шефот на прес-службата на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.

„Во директна комуникација сме со руската страна на високо ниво за да го изразиме нашето незадоволство во врска со небезбедното пресретнување што доведе до соборување на американскиот дрон. Го повикавме рускиот амбасадор во Стејт департментот каде ќе испратиме соодветен сигнал“, рече Прајс.

Според извештаите, Вашингтон изразил загриженост за споменатиот настан.

Координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа Џон Кирби изјави дека САД ќе продолжат да летаат над Црното Море и покрај инцидентот.

„Летаме во овој воздушен простор веќе една година, ќе продолжиме да го правиме тоа и не ни треба одобрение од Русија за да летаме над меѓународните води. Ако целта им е да испратат порака дека сакаат да не спречат да летаме над Црното Море , тоа нема да се случи“, рече Кирби пред новинарите.

Тој додаде дека американскиот претседател Џо Бајден е информиран за инцидентот.

Во меѓувреме, командантот на заедничките сили на НАТО во Европа, Кристофер Каволи, ги информирал сојузниците на Алијансата за воздушен инцидент во кој учествувале руски Су-27 и американско беспилотно летало МК-9 над Црното Море, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на извор од НАТО.

Европската команда на САД тврди дека рускиот авион Су-27 наводно се судрил со американско беспилотно летало МК-9, по што беспилотното летало се урнало во меѓународни води во областа на Црното Море.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток