Утрински Весник
Свет

Белата куќа му порача на Киев: „Сè што побаравте, добивте“

Белата куќа му порача на Киев: „Сè што побаравте, добивте“
Dik 300x250 mk

САД им дадоа на Украинците сè што побараа за да извршат контраофанзива, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, пренесува ТАСС.

dobivaj vesti na viber

„Сè што побара украинската армија за контраофанзива, го доби од САД, од нашите сојузници и партнери“, рече Кирби на брифингот нагласувајќи дека американската поддршка „е без преседан, историска и во голема мера обезбедува напредок на операцијата“.

Белата куќа денеска ќе го објави составот на новиот пакет оружје и муниција подготвен за испорака во Киев.

Медиумите претходно објавија дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден во моментот не планира да ја објави својата одлука дали ќе испорача ракети со долг дострел на Киев за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, која е закажана за денеска.

Како што беше наведено, Киев долго време бараше ваков тип на оружје, а украинските власти се надеваа дека претседателот Бајден следната недела ќе ја одобри испораката на воено-тактичкиот ракетен систем ATACMS, систем за наведување ракетен систем „земја-земја“, со дострел над 400 километри.

Кремљ предупреди дека снабдувањето со ракети со долг дострел ќе биде црвена линија, а слични предупредувања стигнаа и од Москва во однос на другите видови оружје.

Велика Британија и Франција веќе обезбедија ракети со долг дострел Storm Shadow, кои летаат до 240 километри.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим