Утрински Весник
Економија

Бектеши: За субвенционирана струја се пријавиле само 233 основни и средни училишта

Бектеши: Во следните денови ќе поевтинат месото, млекото и лебот
300x250 (7)

Од 474 јавни основни и средни училишта, за субвенциорано снабдување се пријавиле само 233 установи кои ќе плаќаат по 95 евра за мегават-час.

dobivaj vesti na viber

Педесет претпријатија за водоснабдување и прочистителни станици, а од категоријата на физички и правни лица регистрирани во прехранбениот секгор, се пријавиле 235 субјекти кои ќе купуваат цена од 80 евра за мегават час.

Ss1

– Ова е повеќе од двојно помалку од цената на струјата на регулираниот пазар. Кај некои производители ќе има пониски цени, а кај некои производители на млеко и леб има пониски цени што е за пофалба. Во следните 4 месеци додека трае кризната состојба како резултат на мерките и стабилизацијата на цените на увозните компоненти да предизвика нови намалувања на цените. – објасни министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој ги искара општините за нивното однесување затоа што не ги пријавиле половина од училиштата.

– Не сите училишта не се пријавени за ова, ниту не сите јавни претпријатија. Значи дека во време на криза државата треба со одлука директно да ги преземе надлежностите на општините што е за жалење и тоа морам да го кажам. До вчера и во ЕСМ и кај нас се јавија одредени општини за да ги стават и административните згради под ова мерка односно државата да им ги покрие трошоците преку ЕСМ Продажба. Јас сакам да ги повикам градоначалниците да ги следат сите можности на државата затоа што на крајот на денот тоа значи поголеми цени на нивните услуги од 1 јануари 2023 година – додаде тој.

Васко Ковачевски, директор на ЕСМ рече дека по завршувањето на постапката има 518 нови субјекти за кои ЕСМ преку ЕСМ Продажба ќе треба да обезбеди струја со пониски цени.

– Овие претпријатија и установи од први декември ќе имаат испорака на субвенционирана електрична енергија. Не се знае колку електрична енергија ќе биде потребна за да се задоволат нивните потреби. Предвидени се набавки и во декември на електрична енерегија за да се задоволат потребите на сите субјекти на регулираниот пазар – истакна Ковачевски и додаде дека досегашните набавки на 80.150 мегават-часови ја чинеле државата 19,6 милиони евра.

Ss1

Можете да прочитате

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање