Утрински Весник
Македонија

Банките заинтересирани да ја финансираат пругата кон Бугарија, вели Мицкоски

Miczkoskis.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека има интерес од страна на банките за финансирање на брзата пруга и дека следната есен се очекува да почне реализацијата на тој проект.

– Имавме информација преку Министерството за финансии во која имаме необрзувачки индикативна понуда која во моментот ја разгледуваме. Донесена е одлука за избор на необврзувачка индикативна понуда и во периодот кој ќе следи ќе се влезе во суштината на преговорите, договор итн., рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).


Условите, посочи, кои првично ги добивме се исклучително поволни, услови кои никогаш не би можеле да ги добиеме доколку не беше гаранцијата од Обединетото Кралство.

– Во овој момент работите одат во насока во која треба да одат, како што ги планиравме. Министерството за транспорт прави физибилити студија и студија за оценка на животната средина. Тоа е процес кој трае 270 дена и треба да заврши во мај, јуни. Потоа ќе се влезе в избор на конкурентен дијалог за изведувач на проектот и очекуваме во октомври, ноември, следната есен да почне реализацијата на овој проект, додаде Мицкоски. 

Можете да прочитате

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе

Агелер: Без разлика на преговорите со ЕУ, реформите мора да продолжат

„Приказната за Силјан“ не влезе во 15те филмови за Оскар