Утрински Весник
Балкан

Бала: Дубаи повеќе нема да биде оаза за албанските криминалци, ќе потпишеме договор за екстрадиција

Bala.webp.webp

Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала изјави дека многу брзо меѓу Албанија и Обединетите Арапски Емирати ќе биде потпишан договор за екстрадиција на лицата од светот на криминалот, албански државјани, кои се кријат во оваа земја, главно во Дубаи.

Тој рече дека набрзо ќе престојува во Емиратите за да го конкретизира овој договор, предупредувајќи дека сите оние луѓе кои имаат проблеми со правдата повеќе нема да можат да избегаат од законот, ниту да најдат засолниште во Обединетите Арапски Емирати.

-Пред неколку месеци не верувавте дека можеме да успееме да приведеме лица дури и во земји каде што немаме договор за екстрадиција. Но, им благодарам на властите во Обединетите Емирати за соработката, сакам да повторам дека сме во секојдневна комуникација. Работиме со ОАР за договор за екстрадиција. Набрзо ќе престојувам во Емиратите за да го финализираме договорот што ќе и овозможи на оваа земја, посебно Дубаи, повеќе да не биде оаза за овие криминалци, рече тој.

Додаде дека државната полиција се занимава и со овие лица кои не живеат во Албанија или се во овие земји, бидејќи одговорноста треба да биде иста за секој граѓанин, нагласувајќи дека „задачата на полицијата е да ги пронајде овие лица и тоа го прави“.

Постојат сигурни информации дека во ова земја се кријат лица барани од албанските власти за трговија со дрога, перење пари, измама.

Можете да прочитате

Започнаа сослушувањата на уапсените за трагедијата на железничката станица во Нови Сад

Словенија целосно ќе ги почитува налозите за апсење на МКС

Вучиќ распали по РТС: Нема веќе оставки, полоши сте од N1!