Утрински Весник
Свет

Бактеријата предизвикувач на Пирсовата болест кај грозјето откриена во јужна Италија 

20250226102843 Big 730x400 11.webp.webp

Бактеријата Xylella fastidiosa, што ја предизвикува Пирсовата болест кај виновата лоза во Северна Америка, првпат е откриена кај грозје, бадеми и други растенијата во јужниот дел на италијанскиот регион Апулија, соопшти Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА).

Според најновиот извештај од базата на податоци за следење на ширењето на растителниот патоген Xylella fastidiosa, присуство на бактеријата првпат е утврдено и кај кантабрискиот планински даб Quercus orocantabrica во Португалија, но тоа не е прв случај на инфицираност во оваа земја.


– Вкупниот број на потврдени видови домаќини (на бактеријата) се зголеми на 452 видови од 70 различни ботанички семејства, се наведува во соопштението на ЕФСА.

Според агенцијата, врз основа на анализи на истражувања спроведени помеѓу јануари и јуни 2024 година, утврдено е дека ширум светот не е идентификуван ниту еден нов тип на секвенца на Xylella.

Xylella fastidiosa е бактериски патоген кој предизвикува сериозни заболувања кај широк спектар на растенија, вклучувајќи маслинови насади, јужно овошје, винова лоза и разни украсни растенија. ЕФСА започна со следење на ширењето на Xylella fastidiosa од 2016 година на барање на Европската комисија, како дел од напорите за проценка на ризикот и справување со оваа бактерија.

Можете да прочитате

Масовен протест во Будимпешта: Над 50.000 граѓани против Орбан

Трамп потпиша уредба за кратење на буџетот на „Гласот на Америка“ и шест други агенции

Германија објави нацрт-закон за нов финансиски пакет од 500 милијарди евра