Утрински Весник
Спорт

Баерн на трансфер-листата стави три големи ѕвезди

Баерн на трансфер-листата стави три големи ѕвезди

Баерн Минхен e подготвен за големи промени во текот на летото. Се започна со отказните решенија за извршниот и спортскиот директор, Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ. Тренерот Томас Тухел ќе остане и покрај тоа што медиумите шпекулираа дека и тој ќе се поднесе оставка. Баерн подготвува големи промени и во ростерот.

dobivaj vesti na viber

Прва цел во преодниот рок ќе биде напаѓач од екстра класа. Баерн испрати понуда до Хари Кејн, која англискиот репрезентативец ја одбил со образложение дека не сака да ја напушта Премиер лигата или пак чека повик од Реал Мадрид.

Пред два дена Бенжамин Павар го известил клубот дека нема да го продолжи договорот и побарал трансфер.

Во четвртокот, медиумите објавија дека Баерн на трансфер листата ставил три големи ѕвезди: Садио Мане, Лерој Сане и Серж Гнабри.

Сенегалецот Мане, не ги исполни очекувањата по трансферот од Ливерпул. За играч од негов калибар скромен е учинокот од шест асистенции и 12 гола.

Мане беше вклучен во скандалот со Сане, по поразот од Манчестер сити во Лигата на шампионите. Тогаш Мане го удри соиграчот. Сезонава, Сане, има учинок од 14 гола и 10 асистенции.

Гнабри е ставен на трансфер листата и покрај тоа што лани го продолжи договорот. Тој има најдобра статистика од играчите кои се ставени на трансфер листата. Сезоната ја заврши со 17 гола и 12 асистенции.

Можете да прочитате

Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Од елиминацијата на Алкараз во Мајами ќе профитира Ѓоковиќ на АТП-листата

Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки