Утрински Весник
Свет

Бајден: Израел се согласи на прекин на огнот за Рамазан

Bajden 1.webp.webp

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека Израел се согласил да ги прекине воените активности во Појасот Газа за време на Рамазан и додаде дека еврејската држава ризикува да ја загуби поддршката од остатокот од светот бидејќи Палестинците умираат во голем број.

Бајден, кој го објави ова за време на гостувањето во емисијата „Late Night Show“ на NBC, додаде дека Израел се обврзал да им дозволи на Палестинците да се евакуираат од Рафа во јужна Газа пред да се интензивира кампањата за уништување на Хамас во областа. Тој нагласи и дека постои начелен договор за прекин на огнот меѓу двете страни додека не бидат ослободени заложниците.

„Ако го добиеме тој привремен прекин на огнот, ќе можеме да се движиме во насока каде што ќе можеме да ја промениме динамиката и да не постигнеме веднаш решение за две држави, туку процес со кој ќе дојдеме до решение за две држави, процес со кој ја гарантираме безбедноста на Израел и независноста на Палестинците“, рече Бајден.

Тој се надева дека до следниот понеделник ќе се постигне прекин на огнот во конфликтот.

Можете да прочитате

Иран предлага 30-дневен прекин на огнот наместо продолжување на примирјето

Израелски суд го продолжи притворот на шпанскиот и бразилскиот активист на флотилата за Газа

МААЕ: Добивме информации за дрон кој удрил во лабораторија во нуклеарната централа Запорожје