Утрински Весник
Македонија

Автомобил удри во ограда и се преврте во близина на Гевгелија, патниците однесени во болница

Автомобил удри во ограда и се преврте во близина на Гевгелија, патниците однесени во болница

Автомобил се преврте во близина на клучката Миравци кај Гевгелиија, а лицата кои се превезувале се префрлени во болница каде им се укажува лекарска помош поради повреди. Според првичните информации од МВР, до несреќата дошло откако возачот изгубил контрола и удрил во ограда.

dobivaj vesti na viber

„Во СВР Струмица е пријавено дека на автопатот А1 после тунелите кон клучка Миравци, патничко возило „цитроен Ц5“ со босански национални ознаки, излегло од коловозот, удрило во заштитната ограда и се превртело на патот. Лицата од возилото се пренесени во медицинска установа, но досега не се пријавени констатирани повреди“, велат од МВР.

Увидот е во тек.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има уставни измени без гаранции

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

Министерот за дигитална трансформација Андоновски ќе учествува на Парискиот сајбер самит