Утрински Весник
Македонија

Авотомобил се запали по судир со камион, возач изгоре – тешка сообраќајка на патот Прилеп-Ресен

Две жени со повреди однесени во болница, „хјундаи“ излета од пат во Куманово

Автомобил и камион се судриле на патот Прилеп-Ресен, утрово околу пет часот. Во несреќата, се запалил автомобилот, а возачот изгорел. Од МВР ја потврдуваат несреќата и велат дека е извршен увид од нивна екипа.

dobivaj vesti na viber

„Во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, од крстосница за с.Кукуречани до место викано „Билбил Камен“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „сканиа“ со прилколка со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(44) и патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки. Во несреќата, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено“, велат од МВР.

Се расчистува случајот.

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“