Утрински Весник
Македонија

Автомобил се запалил во движење во Чаир

Pozar avtomobil depositphotos 30157105 l.jpg

На 11.07.2026 околу 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир С.Д.(55) од Скопје додека го управувал неговото возило настанал пожар во движење. Истиот успеал да излезе, а од пожарот се здобил со изгореници во пределот на телото.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, а тој бил пренесен во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.


Можете да прочитате

Лалиња за 63-те жртви на „Пулс“ засадени во Алејата на споменот во Кочани

Група лица претепале двајца работници на „Комунална хигиена“ на Партизанска

Левица: Широка народна мобилизација против концептот на ДПМНЕ за држава на привилегираните