Утрински Весник
Македонија

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Policija.jpeg

Три девојки се повредени во сообраќајна несреќа што денеска околу 14:20 часот се случила на автопатот Скопје-Велес, на мостот по наплатната станица Сопот.

Според информациите од МВР, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Л.Ќ. од Велес, се превртело на коловозот.


Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачката Л.Ќ., како и сопатничките Е.Ш.(20) и Т.Т.(17), двете од Велес.

Повредите биле констатирани во Општата болница во Велес.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Можете да прочитате

Трет ден продолжува  стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

Работник тешко повреден при пад од зграда во Куманово