Утрински Весник
Свет

Автобус во Шпанија излета од мост и падна во река, најмалку тројца загинати

Автобус во Шпанија излета од мост и падна во река, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а четири се водат за исчезнати откако патнички автобус вчера излета од мост и падна во река во северозападна Шпанија, соопштија денеска локалните служби за итни случаи.

dobivaj vesti na viber

Двајца преживеани – возачот на автобусот и еден патник – досега се спасени од реката Лерез, каде силните струи и високите текови поради обилните дождови што го зафатија регионот на Галиција ги отежнаа напорите за пребарување и спасување, соопштија властите.

Преживеаните се пренесени во блиските болници со различни повреди, додаваат тие. Автобусот  од неразјаснети причини излетал од патот и паднал од мостот во водата околу 21:30 часот по локално време.

Според прелиминарните податоци, во автобусот имало вкупно девет лица, возачот и осум патници, изјави регионалната функционерка Маица Лариба.

Во текот на ноќта спасувачките тимови мораа да ја прекинат операцијата речиси два часа поради лошите временски услови и условите на теренот пред да ја продолжат во утринските часови.

Можете да прочитате

Багеи: Земјите во регионот повеќе не можат да се потпираат на САД за безбедност како порано

Колумбија прогласи состојба на „национална катастрофа“ по силниот земјотрес

Пезешкијан информира дека разговорот со Моџтаба траел седум часа