Утрински Весник
Балкан

Автобус полн со деца од Косово се судри со автомобил, возачот е тешко повреден

Uploads Thumbs Resize 800x420 674977.jpg

Возач на патнички автомобил попладнево е тешко повреден во тешка сообраќајна несреќа што се случила во долината на Јоргованот, на патот Краљево – Рашка.

Во автобусот имало деца од Косово кои биле на Златибор. Според се уште непотврдени информации, возачот на автомобилот преминал на левата страна од коловозот и удрил во автобусот. Тој се здобил со тешки физички повреди, вели изворот на Блиц, пренесе Телеграф.


Првата слика од местото на настанот е објавена на страницата 192 на Инстаграм.

Според информациите, четири деца се транспортираат на лекар. Децата се повредени кога автобусот нагло закочил во обид да избегнат судир.

Можете да прочитате

Мирен протест во Атина против уставните измени за државните службеници и приватните универзитети

Бугарија се повлече од коалицијата за помош на Украина

Потврдено обвинението против обвинетите за трагедијата на железничката станицата во Нови Сад во 2024 година