Утрински Весник
Свет

Австрија минатата година протера рекорден број странци, најмногу Словаци, Унгарци и Романци

72675 Scaled.jpg
Ss2

Австрија минатата година протера рекорден број странци, а повеќето од нив се државјани на Европската унија, изјави денеска австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер.

„Мислам дека можеме слободно да кажеме дека минатата година беше година на протерување“, рече австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер при претставувањето на статистиката за 2023 година.

Ss1

Минатата година од Австрија биле протерани 12.900 лица, од кои 46 отсто биле извршени без согласност на протераните. Најголем број од протераните се државјани на една од земјите-членки на Европската унија. Повеќето од нив доаѓаат од Словачка, Унгарија и Романија. „Најголемиот број на депортации извршени против волјата на депортираните се засноваат на претходни кривични дела“, рече Карнер.

Карнер заклучи дека поради многуте мерки насочени кон намалување на нерегуларната миграција, Австрија стана непривлечна за шверцерите на луѓе. „Ова го вклучува договорот со Бугарија и Романија за прифаќање на баратели на азил чие потекло не може со сигурност да се утврди“, рече Карнер.

Севкупно, минатата година во Австрија биле поднесени околу 60.000 барања за азил, што е за 47 отсто помалку отколку во 2022 година. Најголемиот број баратели на азил и понатаму доаѓаат од Сирија. Заменик-директорот на Канцеларијата за странци и азил, Каролин Преисер, ја пофали „добрата соработка“ со земјите со кои е постигнат договор за враќање на мигрантите, како што се Индија и Мароко.

Карнер рече дека целта е да се постигнат дополнителни договори за да се овозможи депортација во Сирија и Авганистан. Претставниците на опозицијата го критикуваа Карнер дека наводно „манипулирал со бројките“ бидејќи најголем број протерани се државјани на земјите од ЕУ кои извршиле кривични дела во Австрија, а не илегални мигранти.

Ss1

Можете да прочитате

Детали од пропаднатиот мировен договор меѓу Русија и Украина: „Киев да гарантира трајна неутралност, а Москва да не напаѓа“

Силно торнадо во Кина, најмалку 5 загинати и многу повредени

„Смрт за Америка и Израел“: Хутите тврдат дека собориле американски борбен дрон