Утрински Весник
Македонија

Петровска на средба со шведската амбасадорка Ларсон Јаин: Со Шведска во НАТО, Алијансата е побезбедна

Slika 6 1.jpeg
Ss2

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Јаин на која и го честиташе полноправното членство во НАТО, за кое рече ја зацврстува Алијансата и безбедноста на над една милијарда луѓе во светот.

„Северна Македонија беше јасна во својот став за поддршка на шведското барање за приклучување кон најмоќната Алијанса во светот. Тоа го потврдивме и на 27 јули минатата година кога Собранието ги ратификуваше протоколите за влез на Финска и Шведска во НАТО”, рече министерката.

300x250 (7)

Нашата цел е иста – заштита на секоја педа НАТО територија и заштита на нашите граѓани, рече министерката, и додаде дека она што нè врзува се вредностите на демократијата, слободата и почитувањето на меѓународниот правен поредок.

Амбасадорката Ларсон Јаин се заблагодари за јасната поддршка од Северна Македонија во периодот на приклучување на Шведска во НАТО и додаде дека земјата е посветена на јакнењето на колективната безбедност на Алијансата.

Ss1

Можете да прочитате

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

Филипче продолжува со активностите на терен: Јас никогаш не се откажувам

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година