Утрински Весник
Македонија

АВМУ со осуда за физичкиоот напад врз новинарската екипа на Алсат-М во Визбегово

Avmu.webp.webp

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува физичкиот напад врз новинарската екипа на телевизија Алсат-М, која денеска го документираше пожарот кај депонијата во Визбегово.

„Безбедноста на новинарите претставува суштински предуслов за професионално и независно информирање, што пак е темел на правото на граѓаните да бидат точно, навремено и објективно информирани.


Неопходно е новинарите да имаат можност слободно и безбедно да ги извршуваат своите професионални обврски во интерес на јавноста и насилството врз медиумските работници, во каква било форма, е апсолутно неприфатливо и мора да биде јасно санкционирано“, велат од Агенцијата.

Можете да прочитате

Марихуана наместо храна, перници и јоргани – разоткриена шверцерска рута преку Табановце

Гужви на бензинските по објавувањето на новите цени на горивата

Притвор и кривични по крвавата пресметка во Аеродром – двајца тешко повредени