Утрински Весник
Македонија

АВМУ со осуда на објава на Апасиев на фејсбук

Aavmu.jpg
Ss2

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува повторното етикетирање и дискредитирање на ТВ Канал 5 во денешната објава на претседателот на политичката партија Левица Димитар Апасиев на социјалната мрежа Фејсбук.

Со објавата, лидерот на Левица покажува крајно недоличен однос, ја загрозува слободата на информирање и го нарушува достоинството на медиумските работници. Користењето на вулгарни фрази, како и изрази со кои може да поттикне говор на омраза од страна на неговите следбеници на социјалните мрежи е крајно неприфатливо и може да ја загрози сигурноста на медиумските работници.

Ss1

Политичарите и носителите на јавни функции мора да свесни за тежината на искажаните зборови и одговорноста што ја имаат пред граѓаните и да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на медиумите.

Ова е дел од стандардите утврдени во Кодексот на однесување во онлајн сферата за време на изборни процеси и референдуми, на чие почитување политичката партија Левица доброволно се обврза.

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години