Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Сегашната власт со сите маани, е десет пати подобра од понудата на опозицијата

1712933405 Pendarovski.jpg
Ss2

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, на синоќешниот митинг во Гевгелија порача дека доколку се прекрши договорот од Преспа, тогаш земјата ќе излезе од НАТО.

Тој рече дека сегашната владејачка партија со сите свои мани е десет пати подобра од она што го понудила или го нуди сега опозицијата.

Ss1

„Сите имаме маани, и тоа мораме да го признаеме, но и со сите наши маани, 10 пати сме подобри од нив. На нив тогашниот генерален секретар сега им е претседател, ниту по име и презиме не се разликуваат од тогаш, ниту по практикување на политиката. После толку години чекање, да не дозволиме нова блокада, сега кога сме на самиот влез, да не им дадеме власт на овие луѓе. Со нас одењето напред ќе биде загарантирано. Не сакаме да го малтретираме македонскиот народ. Барам масовна мобилизација, затоа што резултатите од првиот круг, ќе ги одредат резултатите во вториот круг. Јас ветувам дека во следните пет години нема да ги делам луѓето по партиска припадност, ниту по социјален статус, сите кај мене еднакво доаѓале како да се дома. Ако ми дадете доверба, ќе бидам истиот. Ќе доаѓам дома кај вас, сум поминал не знам низ колку македонски куќи, да ве прашам што ви недостасува, и така ќе биде и во иднина“, рече Пендаровски.

Ss1

Можете да прочитате

Кацарска: Судот ја покажува хуманата страна, над 30 вработени даруваат крв по повод 60 години Уставен суд

Битиќи до домашните компании: Со заедничка поддршка инвестиравте над 500 милиони евра, да продолжиме заеднички со заокружување на бројот 1

Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина