Утрински Весник
Македонија

АВМУ: Осуда за попречувањето на работата на новинари и сниматели во Брвеница

Брутални закани упатени до новинарка на “Алсат М”: Утре ќе дојдам, увото ќе ти го исечам со нож

Во врска со навредите и заканите упатени кон новинарската екипа на ТВ Коха, како и спречувањето на телевизиски екипи од повеќе медиуми и дописници од полошкиот регион да снимат инсерти во врска со пожарот во општина Брвеница, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека е апсолутно неприфатливо попречувањето на медиумските работници во вршењето на нивната работа.

dobivaj vesti na viber

„Медиумите имаат круцијална улога во информирањето за прашања од јавен интерес и во обезбедувањето транспарентност и одговорност, поради што, неопходно е на новинарите и останатите медиумски работници да им се овозможи слободен, непречен и безбеден пристап до сите настани. Секое попречување на извршувањето на нивните работни задачи е директно загрозување на слободата и правото на информирање“, велат од АВМУ.

Можете да прочитате

Бугарија нема да ја предаде Ива Михајлова – министерот ги нарече македонските власти „српски“

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична