Утрински Весник
Македонија

АВМУ: 562 часа платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за првиот круг од кампањата за Локалните избори

Mediumi.webp.webp
Dik 300x250 mk

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно обврската од член 76-д став 8 од Изборниот законик, до Државната изборна комисија го достави Извештајот за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за време на првиот круг од изборната кампања за Локалните избори, од 29 септември до 17 октомври 2025 година.

Податоците во Извештајот, како што информираат од АВМУ, се добиени преку мониторинг на емитуваното платеното политичко рекламирање кај радиодифузерите и дополнително се проверени низ постапката на потврдување на извештаите за реализирани услуги на радиодифузерите.

-Од 75 радиодифузери (33 ТВ и 42 РА) регистрирани во Регистарот на Државната изборна комисија за емитување платено политичко рекламирање (ППР) за Локалните избори 2025, во првиот круг од изборната кампања, вкупно 68, склучија договори со учесниците во изборната кампања – 33 телевизии и 35 радија, велат од АВМУ.

Оттаму додаваат дека на сите 33 телевизии беа емитувани вкупно 377 часа 20 минути и 10 секунди, додека на сите 35 радија беа емитувани вкупно 185 часа 17 минути и 43 секунди платено политичко рекламирање. Вкупно на сите радија и телевизии беше емитувано ППР од 562 часа 37 минути и 53 секунди.

-Од 9-те национални телевизии коишто склучија договори за емитување ППР, најголем обем на рекламно време имаа Канал 5 (41 час, 7 минути и 53 секунди), Алсат-М (34 часа, 54 минути и 29 секунди) и Компани 21-М (27 часа, 3 минути и 57 секунди). Сите 4 национални радија склучија договори за емитување ППР, а најмногу рекламно време имаа Антена 5 (14 часа, 8 минути и 27 секунди) и Канал 77 (9 часа, 49 минути и 40 секунди), е наведува во соопштението.

Најмногу време за ППР на радиодифузерите, како што истакнуваат од АВМУ, закупија Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ (189 часа 39 минути и 20 секунди), Коалицијата Национална алијанса за интеграција-НАИ предводена од ДУИ (119 часа 5 минути и 50 секунди), Коалицијата за Локални избори 2025 година предводена од СДСМ (109 часа 25 минути и 5 секунди) и Коалицијата Влен (76 часа 42 минути и 2 секунди).

Извештајот за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за првиот круг од изборната кампања за Локалните избори 2025 е достапен на веб страната на АВМУ.

Можете да прочитате

Приведни петмина прилепчани за кражба на огревно дрво

Денес си замина најлошиот градоначалник на Скопје

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Кина, Џианг Сјаојен