Утрински Весник
Свет

Авион на „Ер Индија“ принудно слета на островот Пукет во Тајланд по закана за поставена бомба

Avion rajaner 585x327 1.jpg

Авион на компанијата „Ер Индија“ безбедно принудно слета денеска на аеродромот на островот Пукет во Тајланд по закана за поставена бомба, соопшти аеродромот.

Во соопштението се наведува дека авионот со 156 патници полетал од островот Пукет кон Њу Делхи и побарал итно слетување поради закана за поставена бомба, по што аеродромот Пукет го активирал својот план за вонредни состојби, пренесе кинеска новинска агенција.


Претставник на аеродромот изјави дека авионот безбедно слетал.

Инцидентот следува по урнувањето на авионот на „Ер Индија“ во Ахмедабад вчера кратко по полетувањето, при што загинаа 241 лицe.

Индиските авиокомпании и аеродроми се преплавени со лажни закани со бомби минатата година, со речиси 1.000 лажни повици и пораки примени во првите 10 месеци, речиси 10 пати повеќе отколку во 2023 година.

Можете да прочитате

Трамп: ЦИА ми кажа дека врховниот лидер на Иран е геј

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран