Утрински Весник
Македонија

„Ауди“ излета од патот во близина на наплатна рампа: повредени возачот и сопатничката

Srbi A Polici A.jpg

Вчера, околу 11 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопат А1, од правец на Градско спрема Велес, во близина на наплатна станица Виничани, патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М. М. (67) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, а телесни повреди добила сопатничката С. М. (66) од Куманово, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Можете да прочитате

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот