Утрински Весник
Скопје

Арсовска: Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала

Danela 1 1.jpg

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска одржа пред-конференција по повод пожарот во Универзалната сала при што се осврна на изјавите на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и Лазар Арсовски, сопственик на „Универзал Балкан“ што ја врши реконструкцијата, а беа дадени дента кога се случи пожарот.

Таа праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и врз основа на кое мислење за стабилност и сеизмичка заштита се прави тоа.

Арсовска рече дека Град Скопје како сопственик не бил информиран за отпочнување на градежните активности, за кои зборува Костадиновска и праша, според изјавите на министерката, каде, кога и од кого е осигуран проектот, на која вредност и за кој случај на настанување на штета.

Градоначалничката искоментира и дека во оваа држава старите кабли се причина за сите пожари, по изјавата на Арсовски дека можно е пожарот да бил предизвикан од стар кабел или инсталација, истовремено прашувајќи од каде произлегле таквите сознанија.

Меѓудругото, Град Скопје побара и одговор зошто ако министерката дознала пред 9 часот за пожарот истото не го пријавила. Зошто работниците кои се обиделе самите да го гаснат пожарот не побарале помош, со оглед на тоа што во противпожарната бригада бил пријавен  дури во 9.50 од случаен минувач. Град Скопје бара одговор и каде избил пожарот, односно каде работниците почнале да го гаснат.

Одговор побара и на прашањето кој е управителот на градба во моментот на опожарување, врз основа на кој докумет или кој проект, како и кој е надзор на градба во моментот на опожарувањето.

Таа потсети дека по преземањето на функцијата, Град Скопје предупредил дека проектот не обезбедува безбедна изградба, но таквите информации за проекти од милиони евра, како што рече, не се пренесуваат, а поважни се куќарките на плоштадот или новогодишната елка.

Можете да прочитате

Расчистена е дивата депонија кај градските гробишта „Бутел“

100 возачи казнети вчера во Скопје

Километарска колона за влез во Скопје поради сообраќајна несреќа