Утрински Весник
Скопје

Арсовска го разреши директорот на „Водовод“ – по петти пат назначен нов

Slavevski I Danela Arsovska.jpg

Виктор Панчевски, досегашниот в. д. директор на ЈП „Водовод и канализација- Скопје“ е разрешен по половина година на оваа функција.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нов директор го именува Тони Миновски кој е вработен во претпријатието.

Панчевски е разрешен по само 6 месеци откако беше поставен на раководната позиција на ова јавно претпријатие. Претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“.

Миновски е петти директор на „Водовод“ за три години мандат на Арсовска.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Камениот мост во Скопје добива нов сјај

Герасимовски: „Фолклорот како живо наследство”,  голем настан во Паркот на Франкофонија со народни  ора и песни, носии и ракотворби

Контролори на ЈСП казнуваат граѓани бидејќи доцни СМС сервисот за купени билети тврди Левица