Утрински Весник
Македонија

Апел за молитва: Панчо од ДНК е на апарати, состојбата му е критична

Img 5264.jpeg

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски вечерва упати апел за молитва за сите повредени во трагедијата во Кочани. Таа објави дека Владимир, попознат како Панчо од ДНК, е на апарати, а неговата здравствена состојба е влошена.

„Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир Панчо, мојот мал Буцо од детството, кој ме носеше на пица да ме части, а имаше само 12 или 13 години. Буцо кој е голем борец, патриот, хуманитарец, уметник! Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаа, а се во тешка состојба, да ги исцели и да им дари живот“, напиша Ребека.


Според објавата, Владимир е префрлен во Систина, каде што лекарите се борат за неговиот живот. Трачјеата му е оштетена од вдишан топол дим, поради што е ставен на апарати.

„Панчо мил, те молам не се предавај!!!“ – напиша таа, повикувајќи на заедничка молитва за него и сите повредени во трагедијата.

Можете да прочитате

Азизи: Владата одлучи, вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис

Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија

Потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион