Утрински Весник
Македонија

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Новата работна седмица ни носи студени утра со појава на магла, преку ден сончево!

Meteoalarm.mk 37.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна  и сува воздушна маса, во новата работна седмица времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивно и со многу постудени утра, во кои по котлините  и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла  и на ниска облачност.

Во Скопје и околината, исто така во новата работна седмица времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала до умерена локална облачност, а ќе биде  и претежно тивко. Наутро ќе има услови за појава на магла  и на ниска облачност.

Утринските температури ќе бидат особено ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 7 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

НАПОМЕНА: Поради ниските температури наутро, кои на повеќе места ќе се спуштаат близу 0 степени, понекаде  и под нулата, ќе се зодаваат услови за појава на магла  и на послаб мраз. Па така, во утринските часови доколку излегувате задолжително со себе да си понесете  и потопла облека.

Можете да прочитате

Во краток рок три незгоди на Тетово–Гостивар, сообраќајот забавен

Семејството Аслани обвинува за полициска бруталност по смртта на нивното двегодишно дете

Има загинати во возилото што падна во Радика