Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ангелов конечен епилог од најавеното разрешување чека да донесе Владата

433970929 7647973608623198 1220832261928031086 N.jpg
300x250 opst2

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов потврди дека го остварил најавениот разговор, телефонски, со техничкиот премиер Талат Џафери, пред денешната седница на Владата на која ќе се разгледува и гласа неговото разрешување. Џафери му се јавил и му соопштил дека ќе следува негово разрешување од функцијата директор на ЦУК. -Тоа го прифаќам како нормална постапка, соопшти Ангелов. Оваа иницијатива доаѓа откако „Достоинство“, партијата на Ангелов реши да ја напушти коалицијата со СДСМ и да се пресели кај ВМРО-ДПМНЕ. –Како премиер неспорно е дека тој има право да предлага именување и разрешување на функционери. Конечната одлука ја носи Владата. За да биде прифатен предлогот на премиерот за мое разрешување, поддршката треба да дадат министрите и вицепремиерите на СДСМ. Во спротивно нема да има мое разрешување, напиша на социјалните мрежи Ангелов. Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зеќевиќ прв знаел дека Ангелов излегува од коалицијата, а потоа запознат бил и партискиот лидер, екс-премиерот Димитар Ковачевски. -Тие сметаа дека без разлика на политичка одлука на Достоинство, треба да останам на позицијата, додадва Ангелов. Како причина за менување на коалицијата пред изборите кои следуваат Ангелов ги наведе неисполнетите очекувања за надминување на горливиот проблем со кој се соочуваат се уште необесштетените десетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители.. Ангелов обелодени дека ако биде разрешен ќе се врати на своето претходно работно место во М-НАВ.

Можете да прочитате

Мицкоски: 35 години ВМРО-ДПМНЕ Куманово – град на хероите, достоинството и силниот дух

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива