Утрински Весник
Балкан

Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун

20260905113645 big 730x400 59.webp.webp

Црногорската полиција соопшти дека пронашла 13,5 тони тутун, неколку машини за негова преработка, како и суровина за пакување цигари во нелегално изграден магацин во местото Грбе во близина на Даниловград.

Магацинот се наоѓа на земјиштето на жителот на Никшиќ, Александар Мркиќ, по кого е распишана меѓународна потерница поради сомнение за создавање криминална организација, перење пари и шверц, соопшти Полициската управа.

Мркиќ, бегалец од листата на барани лица на Интерпол, е познат повеќе од една деценија како важна алка во таканаречениот клан Мојковац, објавија утрово Вијести.

Полицијата два дена ги попишуваше пронајдените тутун, машини и друга опрема.

Поради пронајдената опрема, истражителите се сомневаат дека објектите не само што се користеле како магацини, туку дека тутунот се преработувал, пакувал и подготвувал за производство на цигари наменети за нелегалниот пазар.

Можете да прочитате

Хрватска до своите граѓани: Не патувајте во Србија пред изборите

И во Грција протести поради лошите услови во училиштата и факултетите

Бугарија ја исклучи можноста за учество во новата финансиска помош на ЕУ за Украина