Утрински Весник
Македонија

Јане Мицевски и Малиша Станковиќ се новите пратеници

Sobranie Rm.jpg

Државната изборна комисија ја одржа 109–тата седница на која Комисијата го разгледа Известувањето доставено од Претседателот на Собранието на Република Македонија со кое информира дека Собранието на седницата одржана денеска констатира дека на избраните пратеници Синиша Стојаноски и Бобан Николовски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ им престанува мандатот на пратеници согласно чл. 152 од Изборниот закон.

Синиша Стојаноски е назначен за нов директор на ГОБ „8-ми Септември“, а Бобан Николовски за директор на Царинската управа.

На местото на Стојаноски и Николовски во Собранието ќе бидат Јане Мицевски и Малиша Станковиќ.

„На седницата, Комисијата информираше дека согласно чл. 153 ст.2 од Изборниот закон, ДИК со допис ги извести наредните кандидати од листите за кандидати за пратеници во Собранието на РСМ за ИЕ 1 и ИЕ 2 од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Јане Мицевски и Малиша Станковиќ кои стануваат нови пратеници во Собранието на РСМ. Согласно ова, ДИК издаде уверенија за избрани пратеници во Собранието на Република Македонија“, соопштија на денешната седница членовите на ДИК.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје