Утрински Весник
Магазин

Андријана Петрушовска синоќа приреди невиден спектакл за Драчевчани – ФОТО

20240701 110313 Scaled.jpg
Dik 300x250 mk

Убавото македонско девојче Андријана Петрушовска синоќа одржа концерт во своето Драчево заедно со колегите Мики Секуловски и Александар Јосифовски, како специјални гости.

Атрактивната Андријана нам ни е добро позната по учеството во музичкото шоу “Ѕвездите на Гранд” каде успеа да влезе во самото финале. Убавата пејачка посебно вниманието го привлече со единствениот и смел изглед, кога се во прашање модните креации, секогаш умее да го достигне врвот и едноставно да блеска. За успехот кој Петрушовска го постигна говорат и бројните настапи низ домашните локали каде е постојано ангажирана.

Синоќешниот концерт во Драчево беше нејзина голема желба да им се оддолжи на своите сограѓани за поддршката која неизмерно и ја пружаа во текот на натпреварувањето. Во една од своите објави на социјалните мрежи напиша “Дојде редот и на вас да ви се оддолжам”. И, навистина успеа, нејзината многубројна поддршка беше со неа, на концертот имаше луѓе од 7 до 77 години, тоа е всушност доказ колку луѓето ја сакаат и го почитуваат она што таа го прави. Со прекрасна организација Андријана синоќа им приреди невиден спектакл на своите драчевчани. Дел од атмосферата погледнете во продолжение:

(Љ.Ј)

Можете да прочитате

Мики Секуловски за инцидентот на Цеца: Можеби требаше порано да изреагирам, но не бев свесен дека се работи за знаме, кога видов веднаш го тргнав (ВИДЕО)

Ивана Југ со емотивен статус по смртта на уште еден од осудените за 27 април

Проблематични комбинации: Еве што не смеете да пиете со кафе