Утрински Весник
Македонија

Андоновски: Месецов поднесени околу 6.000 барања за дигитални услуги

21102024andonovski.jpg

Министерот Андоновски во денешното гостување во утринската програма на јавниот сервис, нагласи дека новата апликација за дозвола за оружје која што на граѓаните им е достапна на националниот портал за услуги е резултат на борбата против корупцијата која е во фокус и добрата соработка со Министерството за внатрешни работи.

„Преку новата апликација за оружје, целосно е променет процесот во МВР, сега наместо прво да плаќате за обука за поседување на оружје, па потоа да полагате, па да извадите лекарско и да аплицирате, сега постапката е обратна, прво аплицирате преку порталот, потоа МВР прави проверка дали сте подобни да поседувате оружје, а потоа ја поминувате постапката на лекарско уверение, тренинг и полагање. На овој начин, граѓаните ќе имаат помалку трошоци и нема да бидат во неизвесност со месеци, дали ќе добијат или нема да добијат соодветна дозвола.” истакна Андоновски.

Министерот заклучи дека оваа услуга е многу корисна за оние членови на ловечки друштва, бидејќи им се забрзува времето да ја добијат дозволата.

Андоновски кажа и дека услугите се користат од страна на граѓаните, но сепак тука не застанува и тој очекува следната година бројката на услуги да се зголеми за 100.

“Бројката на поднесени барања е зголемена на околу 6000 барања за месецов. Граѓаните го препознаваат порталот uslugi.gov.mk, и започнуваат да користат услуги од истиот. Инаку кога дојдовме во министертсвото имавме 125 услуги достапни на порталот, за сега да биде бројката околу 200 на порталот. Нашиот таргет за следната година е да имаме уште 100 услуги на порталот”.

Министерот додаде и дека во постапка е законот за сајбер безбедност со што ќе се заштити државата од сајбер напади.

“Ние бевме единствена држава од регионот која што немаше закон за сајбер безбедност”, напомена Андоновски и додаде. “Законот е во изработка, додека националната стратегија веќе е во владина процедура и очекувам до крајот на годината да биде донесена, а законот почетокот на 2025 година. Тој закон целосно ќе биде во согласнот со регулативата на ЕУ за сајбер безбедност и ќе ни даде точни одредници каде треба да се движиме во наредниот период”. заврши министерот Андоновски.

Можете да прочитате

Доцнат повеќе социјални додатоци, граѓаните гневни чекаат по банките, надлежните повикуваат на разбирање

Скоро половина метар снег на Скијачките центри, а најтопло во Гевгелија со 15 степени

Детали за акцијата „Адитив“: Под истрага 23 лица, претреси на 77 локации