Утрински Весник
Македонија

Андоновска до Арсовска: Честито коалиција со ДУИ, но чесно ќе беше ова да го направевте пред изборите

Андоновска до Арсовска: Честито коалиција со ДУИ, но чесно ќе беше ова да го направевте пред изборите
Ss2

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Марија Андоновска на денешната седница на Град Скопје потенцираше дека од градоначалничката Данела Арсовска не добиле ниту еден одговор на поставените советнички прашања.

dobivaj vesti na viber

„ За жал не добивме ниту еден одговор на поставените советнички прашања, тие советнички прашање не ги прашуваме за нас лично, тие советнички прашање ги поставуваме за оние кај што чукавме по врати, сега тие доаѓаат прашуваат и ние мора да им одговориме. Што да им одговорам, дека сте имале попаметна работа, сте менувале во канцеларијата на генералниот секретар ролетни, тоа да им го кажам па не сте имале време да одговорите, тие работи ви се поважни, камери сте ределе, врати сте ставале нови, ама не сте имале да одговорите. Ве молам претседателе да ги добиеме одговорите на нашите советнички прашања бидејќи ние сме должни да им одговориме на граѓаните, рече Андоновска,

Ss1

Таа во текот на своето обраќање ја честиташе новата коалиција помеѓу градоначалничката Арсовска и ДУИ и воедно укажа дека ако ова се случило пред изборите граѓаните немало да и ја дадат поддршката на Арсовска. Андовска исто така побара од Арсовска ако тоа е исправно да си даде оставка и да излезе на избори со овие коалициони партнери.

„ Воедно сакам да ја честитам еве вака јавно новата коалиција помеѓу градоначалничката и ДУИ, сигурна сум дека ако ова се случеше пред изборите, граѓаните немаше да дадат поддршка. Ако вие сметате дека ова е исправно, повелете тука дајте си оставка и излезете на избори со овие коалициони партнери, кажа советничката.

Андоновска потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржи програмата „За модерно Скопје“ но на денешната седница има 16 точки, а нема ниту една точка од таа програма на дневниот ред.

„ Ние ја поддржавме програмата „За модерно Скопје, денеска на оваа седница со 16 точки нема ниту една точка од таа програма за која што ја поддржаа и граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, за жал, додаде Андоновска.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула